Општи услови за користење на webSMS услугата на Македонски Телеком АД –Скопје

Добродојдовте во webSMS, услуга за праќање СМС пораки преку интернет (понатаму: webSMS услуга).

Во продолжение се наведени условите за користење на webSMS услугата и истите претставуваат договор помеѓу Вас и T-Мобиле МК. Пред да се регистрирате за користење на webSMS услугата, Ве молиме внимателно прочитајте ги условите и упатствата, бидејќи содржат важни информации за правата и обврските за користење на webSMS услугата.

Со webSMS услугата ќе можете едноставно и брзо да праќате СМС пораки преку интернет од каде било и од каков било уред, без потреба од инсталација на апликација.

ВАЖНО : Со штиклирање на Се согласувам со Општите услови , потврдувате дека сте постари од 18 години и се согласувате со сите подолу наведени услови за користење на webSMS услугата.

WebSMS е услуга за праќање на СМС пораки преку интернет. За користење на услугата потребно е да имате интернет прелистувач и активна интернет конекција. Вие сте одговорни за одржување на вашиот компјутер, вашите програми и телекомуникациската опрема за користење на услугата, при што T-Мобиле МК не гарантира за континуирана достапност на услугата или на некој нејзин дел од причини кои не се поврзани со неговиот делокруг на работење, а се однесуваат на исправноста на вашиот компјутер или исправноста на вашата интернет конекција.

2. Користење на webSMS услуга

Забрането е секакво модифицирање, изнајмување, позајмување, продавање, препродавање или креирање на модифицирани апликации од услугата. Со прифаќање на овие услови се обврзувате дека сите права за умножување, патентирање, имињата и сите останати права на интелектуална сопственост врзани за webSMS услугата, вклучувајќи ја и целокупната пропратна документација и упатства за истата, се и остануваат во сопственост на T-Мобиле МК.

3. Сигурност

За да можете да ја користите webSMS услугата треба да имате активен T-Мобиле број. Најавете се на апликацијата со внесување на потребните информации, по што преку СМС порака ќе Ви доставиме ПИН број на Вашиот Т-Мобиле број, преку кој ќе се автентицирате.Потоа со внесување на Ваша лозинка ќе креирате свој профил за користење на webSMS услугата и лозинката ќе ја користите при секое следно најавување на профилот. Понатаму, Вие сте целосно одговорни за тајноста и сигурноста на Вашата лозинка како и за сите дејствија кои ќе произлезат од користење на Вашиот профил. Со прифаќање на овие услови се согласувате веднаш да го известите T-Мобиле МК за неовластено користење на Вашиот профил и веднаш да ја промените лозинката, на начин опишан во упатството за користење на услугата.
За поедноставен пристап до услугата постои опција “запомни ме” . Доколку ја изберете оваа опција, при следното најавување на услугата ќе пристапите директно до Вашиот профил за испраќање на CMC пораки, без внесување на Вашата лозинка. Не се препорачува избор на оваа опција доколку користите јавен компјутер или уред кој има можност да го користат повеќе лица.

4. Тајност и доверливост

Т-Мобиле МК ќе ги преземе сите потребни технички и организациони мерки за заштита на тајноста и доверливоста на Вашите податоци, како корисници на услугата согласно одредбите од Законот за електронски комуникации, Законот за заштита на лични податоци и други позитивни релевантни прописи валидни во Република Македонија.

Т-Мобиле ќе ги обработува единствено Вашите лични податоци и податоците за реализиран сообрќај, неопходни за реализација на webSMS услугата.

Т-Мобиле МК не превзема никаква одговорност за содржината на пораките испратени со користење на webSMS услугата, како и во случај кога Вие како корисници ќе ја употребите истата за праќање на пораки за директен маркетинг, согласно законската дефиниција за оваа категорија на пораки.

T-Мобиле МК секогаш ќе го прикажува Вашиот T-Мобиле број, како испраќач на СМС пораките преку webSMS услугата.

5. Ограничувања на користењето на webSMS услугата

Забрането е webSMS услугата да се користи за првеземање на било какви противзаконски активности како што се на пример вознемирување, заканување, нанесување на штета на други лица или испраќање на пораки за директен маркетинг, во спротивност со позитивните прописи на Република Македонија. Вие сте целосно одговорни за сите противзаконски активности извршени преку Вашиот профил.

T-Мобиле МК може да го ограничи бројот на пратени СМС пораки од Вашиот профил заради

заштита на мрежата на T-Мобиле МК од злоупотреба.

T-Мобиле МК има право да ги избрише пораките сочувани во историја доколку го надминете лимитот на просторот за чување на СМС пораки, даден во поставките на webSMS апликацијата.


T-Мобиле МК ќе Ви доставува информации за нови верзии на webSMS услугата, планирани прекини или информации за надградби на webSMS услугата.

6. Цена на услугата

A. За користење на webSMS услугата неопходно е да имате активен T-Мобиле број. За користење не се наплаќа претплата, се наплаќа од испратена СМС порака.
Б. Цените за користење на webSMS услугата се дефинирани и прикажани на web страната на T-Мобиле МК. Секоја испратена СМС порака ќе биде наплатена од Вашата сметка.

В. T-Мобиле МК има право на промена на цените на СМС пораките испратени со користење на webSMS услугата, по претходно јавно информирање.

7. Промена на услови за користење

T-Мобиле МК ги задржува сите права за менување на условите за користење на webSMS услугата, кои ќе ги објави на својата web страна заради информирање на своите корисници.

8. ГАРАНЦИИ ИЛИ ОБВРСКИ

СО ПРИФАЌАЊЕ НА ОВИЕ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА webSMS услугата СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА webSMS услугата ЈА КОРИСТИТЕ ДОБРОВОЛНО НА ВАША СОПСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ.

T-Мобиле МК ЌЕ ГИ ВЛОЖИ СИТЕ НАПОРИ, НО НЕ ГАРАНТИРА ЗА НЕПРЕКИНАТА И СТАБИЛНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ НА webSMS услугата, КАКО И ЗА ДОСТАПНОСТ НА ИСТАТА ВО БИЛО КОЕ ВРЕМЕ И НА БИЛО КОЕ МЕСТО.